ВЕЈД ГО НАПУШТИ ЧИКАГО

По само една година мината во црвениот дрес, Двејн Вејд го напушти Чикаго Булс. Имено, Вејд ја активираше калузулата според која има право да го откупи својот договор и тој тоа го стори за сума од 8 милиони долари. Сега како слободен играч може да бира каде ќе ја продолжи својата богата кариера.

Засега информациите велат дека најзаинтересирани за него се Кливленд, Сан Антонио и Мајами.

Доколку одлучи да мине во редовите на Кливленд, Вејд ќе ја обнови соработката со Леброн Џејмс, бидејќи ќе заиграат повторно заедно како што тоа беше и во Мајами.

Инаку во својата кариера, Вејд има три шампионски прстена, два пати бил прогласуван за МВП на финалето и еднаш бил прогласен за МВП на “Ол стар” натпреварите.