Постојат 5 паметни методи заради кои лесно ќе се соочите со пеглањето…
1. Израмнете ја облеката со влажен пешкир
Поставете ја гужваната облека на рамна површина и ставете на неа влажен пешкир. Нежно притискајте и потоа почекајте површината да се исуши.

2. Фенот за коса, не е само за коса
Оваа метода е далеку поедноставна од пеглањето – закачете ја на закачалка гужваната облека, застанете на неколку сантиметри оддалеченост и сушете ја со фен додека не исчезнат наборите.

3. Исправање на облеката, додека вие се бањате
Оваа метода трае подолго, ама со неа дефинитивно ќе ви се исправи облеката. Прво, затворете ги сите прозори и врати од тоалетот, гужваната облека закачете ја некаде во близина на тушот и пуштете ја водата. Додека вие се капете, пареата ќе ја исправи облеката.

4. Воден спреј
Закачете ја гужваната облека и напрскајте ја со вода. Кога ќе се исуши, наборите ќе исчезнат.

5. Метода со чајник
Ако имате чајник, гужваната облека можете да ја исправите додека подготвувате чај. Само облеката треба да биде закачена некаде ќе може да дојде до пареата.