ВАШИНГТОН ГО ДЕКЛАСИРАШЕ БОСТОН

Ноќеска во најсилната кошаркарска лига на светот, американската НБА на програмата беа два дуела. Во полуфиналето на источната конференција Вашингтон го прегази Бостон со 116-89 и го смали резултатот на 2-1 во битката од седум меѓусебни натпревари. Очигледно е дека ова полуфинале лесно би можело да се икомплицира во поглед на конечниот победник, особено ако Вашингтон ја повтори синоќешната игра и го израмни резултатот. Најефикасен во победничката екипа беше Џон Вол кој постигна 24 поени а имаше и осум асистенции. кај поразената екипа Ал Харфорд постигна 16 поени.

Во полуфиналето на Западбаната конференција Голден Стејт рутински ја совлада Јута со 115-104 и поведе со 2-0 во меѓусебните дуели. Кевин Дурант имаше “дабл-дабл” учинок, 25 поени, 11 скока и 7 асистенции, а веднаш до него беа Стеф Кари со 23 и Дрејмонд Грин со 21 поен.