ВАРДАРКИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЛШ

Македонскиот првак во ракомет во женска конкуренција, Вардар, во петок ги почнува натпреварите во ЛШ. “Црвено-црните” влегуваат во овој циклус доста амбициозно, со цел да направат чекор повеќе од минатата сезона кога без второ место во Европа. Вардарки се во група со ФТЦ Реил Карго од Будимпешта, Ларвик од Норвешка и Турингер од Германија, а прв противник на нашиот тим ќе му бидат унгарките.

-Добро е што Лигата на Шампиони ја почнуваме на домашен терен. Повторно играме против ФТЦ, а тие се добра екипа, еден од фаворитите за пласман на “Ф4” турнирот оваа сезона. Минатата година токму од нив загубивме бод во Скопје, па сега мораме да дадеме максимум за да не биде така и оваа – изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Минатата сезона, Вардар го почна натпреварувањето токму против ФТЦ, а натпреварот во Скопје заврши без победник 27-27.

-Минатата година ФТЦ ни одзема бод. Овој почеток ќе биде психички тежок, тукму поради фактот што е прв натпревар. Наша цел оваа сезона е шампионската титула, но мораме да одиме чекор по чекор. Мораме да одиграме цврста одбрана и ефикасен напад. Се надевам дека против унгарките ќе немаме проблеми како во минатата сезона – додаде десното крило на Вардар, Јованка Радичевиќ.

Натпреварот против ФТЦ е закажан за петок во 18 часот во салата на СРЦ “Јане Сандански”.