ВАРДАР ВО ШВЕДСКА БИ БИЛ ВО ТОП 5

Пред утрешната пресметка во квалификациите за ЛШ, тренерот на Малме, Магнус Персон, за Вардар даде еден навистина интересен опис, кој според него ја отсликува силината на македонскиот тим.

-Ова се натпревари кои предизвикуваат голема тензија и Јас не сум сигурен дали ќе играме исто како во првенството. Сигурно е само дека ќе бидеме високо мотивирани. Што се однесува до првотивникот, Вардар, можам да кажам дека доколку би играле во шведската лига, сигурно би биле меѓу петте најдобри прволигашки клубови. Тоа кажува се. Ќе биде навистина тешко да се елиминира една ваква екипа каква што е Вардар-изјави Персон.