ВАРДАР ВО ОДБРАНА НА ТРОФЕЈОТ

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беа извлечени четвртфиналните двојки за ракометниот куп на Македонија во женска конкуренција. Пропозициите велат дека се игра по еден натпревар, а победниците одат меѓу четирите кои ќе учествуваат на завршниот турнир. Натпреварите ќе се играат на 19 и 20 април 2017 година.

Ждрепката сакаше во четвртфиналето да се сретнат: Гевгелија – Овче Поле, Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар, Куманово – Металург и Прилеп – Пелистер