ВАРДАР ПО 11.ПАТ ДРЖАВЕН ПРВАК

Со победата над Борец во Велес, екипата на Вардар која пред само неколку дена стана европски првак, по 11. пат ја обезбеди шампионската титула во домашното ракометно првенство.

Во последното, десетто коло од “плеј-офот”, Вардар го совлада Борец со 36-28 и го зазема првото место на табелата. Вардар и Металург имаат еднаков број бодови (27), но поради тоа што во меѓусебниот скор Вардар е поуспешен од Металург, стана државен првак.

Борец не играше подредена улога. Напротив му пружи достоен отпор на “црвено-црниот” тим. Во еден момент од второто полувреме разликата беше смалена на само еден гол (21-20) па тренерот Раул Гонзалес мораше да свика “тајм-аут” за да ги среди редовите.

Инаку оваа средба, беше и последна во дресот на Вардар за Петар Ангелов, Алекс Дујшебаев и Александар Деревен.