ВАРДАР ЌЕ БИДЕ “ДЕБЕЛО” КАЗНЕТ

Вардар го очекува мошне строга и висока парична казна, поради непријатностите кои му ги направија токму неговите најверни навивачи, пред и за време натпреварот со Малме.

Во конечниот извештај на делегатот од УЕФА, е запишано дека пред почетокот на средбата дошло до инцидент меѓу навивачите на Вардар и редарските служби. Понатаму запишано е дека со тврди предмети се нападнати гостинските навивачи. Исто така стои забелешка дека судијата со “штит” морал да го напушти стадионот и да влезе во соблекувалните бидејќи гледачите лесно се надвиснувале над влезот во тунелот.

Но тоа не е се, бидејќи внесено е и дека публиката скандирала “УЕФА мафија”, како и употребата на пиротехнички средства.

Вардар ќе плати нема сомнение, но многу повеќе загрижува фактот што на стадионот имаше и контролори од УЕФА кои дојдоа да видат дали квалификацискиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Албанија кој беше закажан во Струмица ќе може да се игра на стадионот “Младост”. По вчерашните настани местото на одигрување веќе е доведено во прашање.