ВАРДАР ИЗБИ НА ВТОРОТО МЕСТО

Со победата над Шкупи во последниот натпревар од деветтото првенствено коло, Вардар се искачи на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Шкендија. До минималната победа, “црвено-црните” стигнаа со голот на Тигран Барсегјан во 58 минута. И покрај поразот Шкупи остана на петтата позиција.

На останатиоте натпревари постигнати се следниве резултати:

Скопје – Работнички 0-0

Пелистер – Шкендија 1-3

Ренова – Победа 0-0

Силекс – А. Пандев 1-0

Табела: Шкендија 25, Вардар 16 (-2), А. Пандев 14 (-1), Силекс 13, Шкупи 12, Пелистер 9, Победа 9, Работнички 7 (-1), Ренова 7, Скопје 4