ВАРДАР ГО ПРОДАДЕ БАЛОТЕЛИ

Очигледно е дека во Вардар се случува нешто несекојдневно. Не би сакале да употребиме тежок збор, ама во прашање е некаков раскол. По соопштението дека Самсоненко си заминува по завршување на претстојната сезона, раководството на клубот одлучи да му даде зелено светло на предводникот на нападот на “црвено-црните”, Џонатан Боарето- “Балотели”. Продажбата и не би била толку чудна, ако не се знае дека токму за помалку од една недела, Вардар го игра можеби најважниот натпревар во својата историја. Ако за понудата на Катарскиот клуб се чекаше толку време, можеше да се почека уште една недела.

Боарето е веќе во Катар, во екипата на Ал Гарафа, а катарскиот клуб се согласил на обештетувањето кое го побарал Вардар, а кое се држи во тајност.

Навистина штета за случувањата во нашиот најпопуларен фудбалски клуб, кој резултатски, но и финансиски ја игра својата најдобра сезона.