Британската мега популарна виолинистка Ванеса Меј за прв пат доаѓа во Македонија, и синоќа се претстави пред публиката во Вип Арена „Борис Трајковски“  во Скопје. Годинава ова ќе биде нејзин единствен концерт во регионот. Концертот е во организација на „Прагма Продукција“, а е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската филхармонија.

Добро вечер, многу се радувам што вечерва сум тука”, беа зборовите со кои светски познатата виолинистка ја отвори дружбата, а за пофалба беше гестот што се потруди ова да го каже на македонски јазик, па на тој начин дополнително ги освои симпатиите на публиката која од почеток до крај не трепна и со воодушевување го следеше секое нејзино движење на сцената.

„Оваа песна ви ја посветувам вам, потомците на Александар Македонски”, додаде Британката и ја изведе мелодијата од филмот за Александар Македонски.