На 6.јуни, во ABC Cafe Bar во Скопје, ќе се оддржи третиот InTech MeetUp, настан во ко-организација на британската компанија InPlayer и локалната компанија Brainster. Темата на третата средба ќе биде новитетите во технологијата и гејмингот.

Настанот е бесплатен и ќе трае два часа, а главни говорници ќе бидат:

  •  Митко Цабевски

“Секогаш во чекор со најновите технологии и демонстрација на високи перформанси во полето на проектниот менаџмент, со повеќе од 10 години искуство во развивање на продукти и маркетирање на истите. Како сериски претприемач, Митко има основано неколку компании: Tagger, Ambio и uPlug. Митко ќе ни зборува за „The next big TECH“.”

  •   Наум Михајловски

“Game Designer кој моментално работи во TabTale. Неговиот интерес за game design почнува од многу одамна. Благодарение на Наум беа имплементирани повеќе промени во Heroes III. Покрај небројаните часови играње видео игри, Наум е дел и од идејата за првиот македонски подкаст за игри GG TV MK, кој што опстанува веќе неколку години на нашите простори.”

  • Милан Тасевски

“Милан Тасевски е дваесет и седум годишен гејмер, музичар и музички продуцент, game and graphic designer. Сè уште е студент на машински факултет ама тоа не го спречи да ја развие првата негова игра Small Star Empires и да ја основа компанијата Archona Games. Во 2016 компанијата имаше успешна kickstarter кампања за која ќе раскажува повеќе на InTech MeetUp #3.”

За да се регистрирате на настанот кој започнува на 6.јуни во 19:30 часот во ABC Cafe Bar. посетете го следниов линк.

За повеќе информации, следете го настанот преку неговите друштвени профили на Facebook, Twitter или преку #intech хаштагот.