УЕФА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Европската куќа на фудбалот на својот Твитер профил и се заблагодари на Македонија и на Скопје за извонредната организација на 42. финале на Супер купот. Според УЕФА, натпреварот и се што беше пропратно во изминативе два дена се одвиваше беспрекорно.

-Благодариме Скопје. Фантастичен домаќин на Супер Купот 2017 година -стои на Твитер каналот на УЕФА.