УЕФА ЌЕ ЈА СЛЕДИ БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА

На 8. август во Скопје ќе се одржи суперкупот на УЕФА, во кој ќе се сретнат победникот во ЛШ и победникот во ЛЕ. Настан кој спаѓа во редот на трите најголеми фудбалски случувања во текот на една сезона. Контролите на УЕФА покажуваат дека подготовките засега добро течат, но Европската куќа на фудбалот најави и засилен мониторинг врз актуелната политичко-безбедносна ситуација во Македонија, особено по настаните во Македонскиот парламент. Тоа што е важно за нас е што засега не се разгледува можноста за одземање на организацијата на овој натпревар.

– Засега не се разгледува можноста за одземање на организацијата на суперкупот. Таква одлука можат да донесат само Комитетот за итност на УЕФА и Извршниот одбор на УЕФА. Сепак за прв пат кога се во прашање вакви натпревари ќе воведеме засилен мониторинг на подготовките, односно ова пред се се одбнесува на политичко-безбедносната ситуација во државата. Ќе биде засилена и комуникацијата со ФФМ. На крајот сепак се ќе зависи од безбедноста на која УЕФА многу полага – велат од УЕФА