УАПСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Анхел Мариа Виљар е притворен заедно со неговиот син Горка. Скандалот кој ја тресе Шпанија е навистина нешто големо во европа и светот, особено што Виљар е на чело на шпанскиот фудбал повеќе од 29 години, беше член на бројни тела на УЕФА, а неговиот син беше член и на дисциплинската комисија на УЕФА.

Истрагата која се води против него, неговиот син и уште неколку други лица од Фудбалската федерација на Шпанија, се однесува на проневера на фондови на федерацијата и потпишување на штетни договори со компании кои биле блиски на неговиот син Горка.

Полицијата влегла во просториите на федерацијата, го притворила Виљар и запленила голем дел од документацијата.