ТУРЦИЈА КОНТРОЛА ПРЕД ШПАНИЈА

По 15 години пауза, во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Турција, предводена од нивната во моментов најголема ѕвезда, Арда Туран кој настапува во Барселона. Натпреварот ќе се игра на 5. јуни, а ќе биде добра контрола пред квалификацискиот дуел со Шпанија кој е на програмата на 11 јуни. Селекцијата на Турција доаѓа во мошне силен состав, можеби најдобриот кој во моментов го има, а средбата со Македонија ќе им биде предигра за натпреварот со Косово кој е закажан за 11. јуни а ќе се игра во Скадар.

Македонија и Турција досега имаат играно седум пати, а скорот е далеку во полза на турците. Имено, Македонија има забрележано само една победа, еднаш имаме одиграно без победник, а пет пати загубивме. Единствената победа црвено-жолтите ја забележаа 2006 година кога во Турција победија со 1-0.