ЦИНДРИЌ НАЈДОБАР РАКОМЕТАР НА ЕВРОПА

Лука Циндриќ е најдобриот европски ракометар за месец јуни, во изборот кој го организира ЕХФ. Ваквото признание на хрватот му се доделува поради извонредните игри во дресот на Вардар на Ф4 натпреварите и освојување на титулата европскли првак. Во постигнувањето на тие успеси Циндиќ е еден од најзаслужните, а како потсетување, токму тој го постигна победничкиот гол на полуфиналниот натпревар со Барселона.

-Горд сум и среќен што новинарите на ЕХФ ми го доделија ова признание. Тоа што се случуваше во Келн се доживува само еднаш во животот. Оваа награда за мене е мотив повеќе за уште подобри игри – вели Циндриќ.

Сосема очекувано при гласањето за најдобар ракометар за јуни доминираа вардаровите играчи пред се поради освојување на европската титула. На второто место е Арпад Штербик, а трет е Вуко Борозан.

Кај ракометарките Анита Горбич е на чело на јунската листа, пред Тамара Мавсар и Михаела Хрбкова.