ЦЕНИ ЗА ПОЛН “ФИЛИП ВТОРИ”

Изреволтиран од реакцијата и незадоволството на навивачите предизвикано од високите цени на билетите за натпреварот од плеј офот за пласман во ЛЕ против Фенербахче, Сергеј Самсоненко одлучи билетите да се продаваат десет пати поефтино. Имено, цената на билетите беше од 2000 – 3000 денари, во зависност од тоа за која трибина се работи, но сега Самсоненко одлучи сите билети да се продаваат по единечна цена од 300 денари.

-Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продавам по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билети по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани. Напред Вардар- се вели во официјалното соопштение на Сергеј Самсоненко.