ТРПЧЕСКИ ПРЕМИЕРНО ГО ИЗВЕДЕ „МАКЕДОНИСИМО“ ПРЕД ГЕРМАНСКАТАПУБЛИКА

­ Германската публика во Лудвидсбург имаше прилика премиерно

да го слушне новиот проект на македонскиот пијанист Симон Трпчевски насловен

„Македонисимо“ со музика од Македонија.

Освен на пијано, Трпески свиреше и на хармоника, па дури и запеа. Бувчанско, Малешевка,Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е онадевојче,… во препознатливите македонски ритми, аранжирани во соработка со македонскиоткомпозитор Панде Шахов беа изведени со тимот во чиј состав беа Александар Краповски навиолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев на удиралки.

­ „Ептен македонско“, како што во шега знае да каже носителот на нашиот културен идентитетво светот, наиде на овации кај пребирливата фестивалска публика.

Трпчески за Македонското радио изјави дека едвај ги чека следните изведби на проектот закои се надева дека ќе наидат на добар прием кај публиката.

­ Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овојпроект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои и носат шарм на целатаинструментална димензија од 80 минути музика.

Искрено се радувам и едвај ги чекамследните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да гопретставам ќе наиде на убав прием кај публиката, вели Трпчески.

На 6ти јули проектот Македонисимо ќе биде изведен пред словенечката публика во Љубљана.