ТРИ КОНТРОЛИ ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ

Почнувајќи од денеска, па до недела, женската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра три контролни натпревари кои се играат во рамките на подготовките за квалификациските натпревари за ЕУРО 2018.

Денеска противник на нашата селекција ќе биде А-репрезентацијата на Турција, а утре Б-репрезентацијата на оваа земја. Турнирот завршува в недела, кога противник на “црвено-жолтите” ќе им биде Италија.

Инаку, за овој турнир во Турција отпатуваа 17 ракометарки, а од понеделник ќе им се приклучат уште 6.

Што се однесува до квалификациските натпревари, на 28. септември, во Лунд, нашите ќе играат против Шведска, а на 1. октомври, во Скопје се среќаваме со Србија.