Тодоровски: Објектот на Драмски театар заслужува поголема грижа

Министерот Алаѓозовски и неговиот ментор Заев стопираа уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани во градот Скопје и републиката. Нивното политичко самоволие ја „замрзнаа” изградбата на Драмскиот театар. Со кратење на буџетот за културата од 4,5 милиони евра, владата на СДС не е во можност да ги продолжи капиталните проекти што биле започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Додека новото раководство во министерството за култура прави некакви ревизии на сите наследени проекти од претходната влада, објектот на Драмски театар пропаѓа!

Забот на времето го има сторено своето и целиот објект е во катастрофално лоша состојба! Стара и непроменета водоводна, канализациона и електрична инсталација, кровот и покрај санацијата во 2000-та година, протекува од сите страни, недоволен и несоодветен санитарен јазол за публиката, но и за администрацијата и за вработените во Драмски. Објектот едвај ги задоволува минимум санитарните и хигиенските услови потребни за работа!

Објектот на Драмски театар заслужува поголема грижа од раководството на СДС дотолку повеќе што неговиот историјат е поврзан со катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963-тата година, кога во 1965-та година владата на Велика Британија донираше средства за изградба на истиот.

Како одминува времето, така се повеќе сме убедени дека 11-те години опозиција, СДС не ги искористи за подготвување нови, современи, подобри и поумни стратегии во било која област, па и во културата. Сведоци сме на понижување на филмските уметници и македонската филмска индустрија, на погазувањето и понижувањето на се што е вредно во областа на заштитата на културното наследство – како основа на македонското достоинство, на изложување на потсмев и презир на македонската национална историја и така натаму.

Затоа граѓаните се повеќе веруваат дека оваа насила формирана влада наскоро ќе го доживее својот крај. Со тоа ќе запре агонијата на целото општество вклучувајќи ја и културата како еден од основните детерминанти. Првиот чекор за враќање на државата кон нејзините основни вредности ќе биде направен на 15-ти октомври кога со голема победа на локалните избори, ќе започне процесот на враќање на државата.