ТЕШКА ГРУПА ЗА КОШАРКАРКИТЕ

Женската кошаркарска репрезентација доби тешки противници во групата во квалификациите за ЕП. Во групата со нас се и Шведска, Италија и Хрватска. Во ждрепката учествуваа 32 репрезентации кои низ квалификации ќе се обидат да изборат пшласман на ЕП, а Србија и Латвија како домаќини на групната фаза се изземени од овие натпревари и директно се пласираат на завршниот турнир. Од овие квалификации ќе се пласираат уште 14 репрезентации.

Според календарот на натпреварите, првите средби ќе се одржат во ноември оваа година, а потоа ќе следи пауза до февруари следната година кога ќе се одиграат уште два натпревари. Завршните турнири по групи ќе бидат во ноември 2018 година.

На ЕП ќе се пласираат првопласираните од секоја група, и шесте најдобропласирани втори во групите.