ТЕОДОСИЌ ВО Л.А. КЛИПЕРС

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ, конечно и стави крај на дилемата дали ќе продолжи во НБА лигата или ќе остане во Европа. Неговата одлука е преселба од ЦСКА Москва, редовите на Лос Ангелес Клиперс.

Откако работата речиси беше заврчена со Чикаго Булс, во последен момент српскиот генијалец ја смени одлуката и реши да замине во ЛА.

Американските медиуми објавија и дел од договорот. Тој е во траење од две години, вреден е 12,5 милиони долари, а има и клаузула дека кошаркарот може да го раскине по истекот на првата година и да се врати во Европа доколку не е задоволен од настаните во клубот.

Раководството на ЦСКА веќе е во потрага по соодветна замена, за која се свесни дека нема да ја најдат, па одат на нешто приближно до играта на Теодосиќ. Засега единствен кој доаѓа предвид да го заземе неговото место е шпанецот Серхио Родригез.