Телефонот на Роналдо распродаден за неколку секунди

Кога имате добар телефон и уште подобра реклама за истиот, резултатите не изостануваат. Доказ за тоа е токму компанијата ZTE и нивниот најнов модел Nubia Z17, којшто го промовира токму Кристијано Роналдо.

Овој мобилен телефон, којшто е моментално достапен само во Кина, пуштен беше во продажба на 5-ти јуни преку кинеската веб страница JD.com, а најавен беше во петокот, на 2-ри јуни. Првиот дел од понудата, којшто брои 10.000 парчиња бил распродаден за помалку од една минута – за 51 секунда, објави GSMArena.

Следната продажба е закажана веќе за 12-ти јуни, на денот кога пристига и моделот Honor 9 и новата паметна алка – часовник за фитнес, Honor Band A3.