„Технома 2017“ од 25 до 29 октомври во ВИП Арена „Борис Трајковски“

Гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе учествуваат на 43. Меѓународен саем „Технома 2017“ што ќе се одржува од 25 до 29 октомври во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Компаниите и овојпат ќе ги претстават и промовираат своите иновативни производи и методи.

На „Технома 2017“, традиционално, ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

Имајќи го во предвид нивото на иновативноста кое се претставува и бројните бизнис можности „Технома 2017“ е посетен од десетици илјади посетители од различни сфери на интерес. 

Работното време на саемот ќе биде од 10:00 – 19:00 часот. Цената на редовната влезница е 50 денари, а за организирани групни посети влезницата 30 денари.