СВСК ШАМПИОНКИ НА МАКЕДОНИЈА

Одбојкарките на “Сити Волеј Славков Куманово”, се шампионки на Македонија, откако стигнаа до третата победа против противничките од екипата на “Јанта Волеј”. Тие победија со 3-2 во сетови, што значеше вкупна победа од 3-1 во добиени натпревари.

Пред да го освојат шампионатот на Македонија, одбојкарките на “СВСК” го освоија и националниот куп, што значи дека оваа сезона ја имаат дуплата круна во одбојка. Во финалето на купот, тие ја совладаа “Јанта Волеј” со 3-1 во сетови.