СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ПРЕДАЛЕКУ

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз во бараж-натпреварот против селекцијата на Шведска за пласман на СП во Германија кое ќе се одржи конмкрајот на годинава.

Крајниот резултат 20-31 доволно зборува за квалитетот кој во моментов го има македонскиот женски ракомет, се разбира репрезентативен. Во една ваква ситуација, кога сите шанси за пласман во Германија се загубени, нормално е да се очекува оставка на селекторот Симе Симевски, или пак да му биде врачен отказ од УО на Ракометната федерација на Македонија.

За квалитетот на селекцијата не би сакале многу да зборуваме. Лошата селекција која се прави неколку години наназад, протежирањето на ракометарки веќе дава негативни резултати.

Реванш натпреварот со шведска се игра утре.