СУПЕРКУПОТ ЗА РЕАЛ МАДРИД

Real Madrid celebrate with the trophy after defeating Manchester United 2-1 during the Super Cup final soccer match at Philip II Arena in Skopje, Tuesday, Aug. 8, 2017. (AP Photo/Thanassis Stavrakis)

Освојувачот на шампионскиот пехар во Лигата на шампиони, Реал Мадрид, го освои Суперкупот на УЕФА, откако на натпреварот во Скопје го совлада Манчестер јунајтед со 2-1 и докажа дека е најдобриот клуб во Европа оваа сезона.

На прекрасно средениот “Филип втори”, преку 30 000 гледачи имаа можност во живо да ги видат ѕвездите на двата најбогати клуба во светот. Тие на свој начин им се оддолжија, прикажувајќи повеќе борбена и внимателна игра отколку убава и ефикасна, но влогот беше голем и секоја грешка можеше и едните и другите скапо да ги чини.

Реал дојде во водство преку бразилецот Каземиро во 24 минута од средбата, а на 2-0 во почетокот на второто полувреме, во 52 минута  зголеми Иско, кој беше можеби и најдобриот фудбалер на теренот. Водството на кралевите го смали Лукаку во 82 минута, но до крајот на натпреварот имаше уште многу малку време за Манчестер ј. да успее да направи комплетен пресврт.