СУПЕРКУП ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА

Кошаркарската федерација на Македонија извиси оваа сезона и покрај заложбите да организира Суперкуп во кој требаше да се сретнат шампионот МЗТ Скопје Аеродром и освојувачот на Купот, Карпош Соколи. Причината е банална, шампионот МЗТ Скопје Аеродром нема слободен термин. Федерацијата испадна смешна, бидејќи дозволи едно вакво ннатпреварување да зависи од волјата на клубовите. Но така е кога самата носи одлуки “денес за утре”. Е така не може, и Наумоски и компанијата треба да го знаат тоа. Сепак според соопштението од КФМ, тоа веќе нема да се случи.

-Управниот одбор на КФМ ваквото откажување на поедини екипи во иднина повеќе нема да го толерира. Веќе на наредната седница на УО ќе биде донесена одлука Суперкупот да се игра со фиксен датум (една седмица пред почетокот на првенството) и доколку екипите го откажат учеството ќе бидат соодветно санкционирани – е дел од соопштението на КФМ.