Каратистката на Макпетрол во борби (категоријата до 68 кг), Моника Стефановска, го освои петтото место на престижната Премиер карате-лига, која викендов се одржа во Ротердам, Холандија. Во борбата за бронзениот медал, Стефановска минимално загуби со 1-2 од претставничката на Грција, Василики Панециду.

Претходно Стефановска ги елиминира Англичанката Кејт Карвачински (7-0), Србинката Марина Радичевиќ (3-2), Босанката Ивона Ќавар (2-1) и во репасажот, Французинката Леа Аврези (2-0), додека загуби од Австријката Алиса Бухинегр (0-4). Линџ (првиот) е прифатен, вториот е одбиен. Имало две акции обострани акции, при што при првата на двете е доделено по еден поен, а во втората на Гркинката

Ова е најдобриот пласман на еден наш каратист во коло на Премиер лигата, односно петтото место, додека Симона Заборска (Макпетрол) е деветто рангирана.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски задоволен од пласманот на Стефановска и Заборска.

– Турнирот во Ротердам беше од голема важност за сите нас, бидејќи е критериумски за влез во македонската репрезентација и најдобра контрола пред Европското првенство (ЕП) во Коачели, Турција, во мај. Ние успеавме да оствариме два високи пласмани, две девојки влегоа меѓу десет најдобри во своите тежински категории на ова неофицијално светско првенство. Тие се и најдобри постигнувања од целата Македонска експедиција. Стефановска имаше директна борба за бронзениот медал, меѓутоа беше поразена со минимален резултат 1-2. Заборска после двете победи, во третото коло беше поразена од украинската репрезентативка, изјави Заборски.

Треба да забележиме дека одлично претставување имаше и нашата млада каратистка Анѓела Мојсовска, таа беше најмлада учесничка на овој турнир со 18 години, дебитираше во Премиер лигата и успеа да оствари три последователни победи, беше поразена во четвртфиналето од грчката спортистка Василаки во категоријата -68 кг. Во следниот период ни преостанува да поработиме на финализирање на спортската форма и да се обидеме да постигнеме добар резултат на Европското сениорско првенство во мај, додаде тренерот на Макпетрол