СТАРТУВА “47. ЗЛАТЕН ГОНГ”

Вечерва во малата сала на СРЦ “Борис Трајковски”, ќе поне 47. издание на традиционалниот боксерски турнир “Златен гонг”. На програмата ќе бидат полуфиналните борби.

На годинашново издание ќе се претстават над 40 боксери од седум држави. Покрај боксерите од Македонија, на рингот ќе излезат боксери од Хрватска, Бугарија, Косово, БиХ, Романија и Албанија. Боите на Македонија ќе ги бранат Алмир Нуришов, Денис Муаремовски, Јасин Лама, Артан Алиу, Љуљзим Имслаили и Алим Насуфи.

Денеска од 16 ч. се полуфиналните борби, а утре од 11 почнуваат финалните. Церемонијата на доделување на наградите ќе биде утре од 14 часот.