СТАРТ СО ПОБЕДА НАД РУСИЈА

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија, со победа стартуваше на СП за ракометари кое се одржува во Алжир. Совладана е селекцијата на Русија со 29-23, во натпревар во кој имаше доста осцилации на обете страни, но сепак натпревар кој покажа дека нашата селекција со право е сместена во друштвото на фаворитите.

Во првото полувреме имаше малку голови, се играше гол за гол, а на одмор се замина со минимална предност на русите од 11-10. На почеток на вториот дел, руските ракометари постигнаа набрзина уште три гола, па резултатот беше 14-11. Во тој момент како да се разбудија избраниците на Илија Темелковски, па успеаја да го израмнат резултатот на 15-15, минаа во водство и не го изпуштија до крајот на натпреварот.

Денеска е слобиоден ден на првенството, а утре во 21 ч., нашиот национален тим се среќава со Буркина Фасо, кој загуби од Тунис со 50-17.

Во третиот натпревар од групата Шпанија ја совлада селекцијата на Бразил со 29-21.