“СТАРАТА ДАМА” НЕ ГО ДАВА КУПОТ

По трет пат едноподруго, Јувентус го освои Купот на Италија. Во финалето, кое се одигра на “Олимпико” во Рим, “јуве” го совлада Лацио со 2-0. До победата Јувентус стигна со головите на Дани Алвеш и Леонардо Бонучи. Ова е дванаесетти трофеј од овој вид кој ќе ги краси витрините на екипата од Торино.

Но, ова не е крајот на успесите на оваа екипа. Имено, в недела старата дама игра дома против Кротоне и доколку победи ќе стане и шампион на Италија. Освен тоа, “Јуве” игра и во финалето на Лигата на шампиони а за противник го има Реал од Мадрид.

Доколку се случи да триумфираат во сите три натпреварувања, Јувентус ќе го постигне успехот  штого имаше Интер кој со Жозе Мурињо ги освои сите три титули.