СТАНИЌ НА МЕСТОТО НА ШТЕРБИК?

Beograd, 27. januara 2012 - Golman srpske reprezentacije Darko Stanic slavi nakon pobede nad reprezentacijom Hrvatske u polufinalu Evropskog prvenstva u rukometu. FOTO TANJUG / TANJA VALIC / tj

Откако извонредниот голман на Вардар, Арпад Штербик најави заминување од клубот по завршување на сезоната, се почести се шпекулациите дека на негово место ќе биде ангажиран поранешниот голман на Металург, србинот Дарко Станиќ. Станиќ не ги поткрепува овие шпекулации со никаква изјава, но и не демантира дека такво нешто не е можно.

-Во Скопје во последниот период доаѓам често но повеќе од приватни причини. Точно е дека со Сергеј Самсоненко имав средби и водевме многу разговори, меѓу кои неизбежно и за ракометот. Тој ми кажа какви идеи има, јас ги кажав своите, но до никакво потпишување засега не е дојдено-вели Станиќ.

Поранешниот голман на Металург, во моментов е без ангажман, откако си замина од Катар каде што настапуваше во екипата на Ел Џаиш.