Средба Заев Жбогар

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар.На средбата, како што информираат од СДСМ, е осудено крвавото насилство во Параламентот, кога беа насилно повредени пратеници, новинари и вработени и е оценето дека е неопходно да се овозможи мирен трансфер на власта.

Според, СДСМ, заеднички е констатирано дека е заокружено формирањето на Парламентот со изборот на новиот собраниски претседател и дека демократскиот процес мора да продолжи со формирање на новата реформска влада.

-Очекувам сите институции и вработените во нив да го сфатат својот дел од одговорноста во овозможувањето на развојот на демократските процеси. Новиот претседател на Парламентот е легитимно, законски и деловнички избран и низ официјална процедура во брзо време ќе го информира Ѓорге Иванов дека постои декларирано парламентарно мнозинство и дека Иванов е должен да му го даде мандатот на претседателот Заев за формирање на новата влада, рекол Заев.

Нагласил дека е подготвен да ја реафирмира програмта на новата влада пред граѓаните и Иванов