Средба на министерот Манчевски за реформи на администрацијата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ќе оствари работна средба со претставници од граѓанските организации, експерти, претставници од меѓународната заедница и од здруженија и асоцијации на медиуми.

На средбата ќе се разговара за Предлогот за итни демократски реформи, особено за поглавјето кое се однесува на јавната администрација, како и за предлозите на релевантните чинители.

Ќе се отвори и дискусија за можните форми за понатамошна соработка меѓу граѓанското општество од една и Министерството за информатичко општество и администрација од друга страна.