СРЕБРО ЗА МОЈСОВСКА

Каратистката на “Макпетрол”, Ангела Мојсовска, го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот меѓународен турнир “Кроација опен” во Ријека.

Во првото коло, Мојсовска ја победи италијанката Деси Рубини со 6-1, во второто беше подобра од Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1, а во третото ја совлада и Џулија Каната од Италија со 3-0. Со три победи Мојсовка влезе во финалето, во кое се сретна со домашната каратистка, инаку долгогодична репрезентативка, Ивана Бебек. По неизвеска борба, сепак на крајот Бебек беше подобра и го освои златниот медал со резултат 3-1.

Мојсовска се бореше и во конкуренција на помлади сениори, У-21, и тоа влезе во директна битка за бронзениот медал, но беше поразена и на крајот го освои петтото место во оваа конкуренција.