СРБИЈА ПРЕЧКА БРОЈ ЕДЕН

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери кои на 5. октомври во Скопје ќе го одиграат вториот натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2019 година. На списокот нема многу измени од оној кој ја совлада Ерменија на гости, а за тоа колку внимание се обрнува на следниот противник зборува и фактот дека за потребите на младата репрезентација, од А селекцијата се префрлени двајцата најдобри млади играчи во моментов, Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев. По одигрување на оваа средба, и двајцата ќе и се приклучат на А репрезентацијата.

На списокот на Милевски се наоѓаат:

Филип Илиќ, Боби Целески, Душан Ѓорѓев, Давид Атанаскоски, Алекс Симовски, Костадин Чешмеџиев, Алекса Амановиќ, ЈОван Попзлатанов, Стефан Костов, Бесарт Кривањева, Лиридан Иљази, Тихомир Костадинов, Енур Тотре, Давор Здравковски, Никола Кулески, Елиф Елмас, Емил Абаз, Петар Петковски, Селмани Ремзифаик, Бобан Георгиев, Даниел Крезиќ и Никола Ѓорѓев