СПМ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ низ дијалог да најдат решение за кризата

Социјалистичката партија на Македонија предлага двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да прејдат на непосредни разговори и преговори и притоа низ дијалог, смирено однесување и толерантност, со почитување на секое изнесено мислење, со аргументи и факти, а особено со чувството за зачувување на унитарноста и стабилноста на држава да усогласат прифатливо излезно решение од актуелната криза.

– Светот во 19. век на овој начин ги надминува и ги решава меѓусебните проблеми, затоа што се покажало дека доколку во тоа посредува друг, решенијата се неуспешни. Социјалистичката партија на Македонија е подготвена да обезбеди услови и да посредува доколку двете страни за тоа се согласат. Убедени сме дека овој пат ќе победи разумот и дека ќе се тргне по патот кој ќе донесе излезни решенија, се вели во соопштението од Социјалистичката партија.