Советодавни денови на Германскиот пензиски фонд во Македонија

Службеници од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе одржат советодавни денови во Македонија на 7 и 8 ноември , кога лицата кои работеле во Македонија и/или во Германија, ќе имаaт можност да се посоветуваат и информираат за нивните индивидуални права на пензија и од германското и од македонското пензиско осигурување.

– Лицата имаат можност да се информираат за најраниот термин за пензионирање и за висината на пензијата, пресметувањето и докажувањето на стажот, постапката за исплата на пензијата, постапката за поднесување барање за пензија, инвалидност…, соопшти денеска германската Амбасада во Македонија.

Советодавни денови ќе се одржат во Тетово на 7 ноември, од 9:30 до 16 часот, во простории на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Скопје на 8 ноември во периодот од 9:00 – 16 часот, во просториите на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Од Амбасадата на Германија во Македонија информираат дека заинтересираните граѓани темин можат да закажат на телефонскиот број (00389) 215 215.