Излезе од печат најновата книга раскази за деца и млади „Сонот на детството“ од познатиот битолски и македонски автор Панде Манојлов.

Во најновото книжевно дело на Манојлов содржани се 40 раскази поделени во два циклуси, „Јазикот на другарството“ и „Куфер со соништа“.

– Содржината на расказите е со универзално значење. Детските соништа се подеднакви, детстките желби се исти, и исто е кога децата се радуваат бидејќи тогаш се радосни или кога тагуваат се тажни. Децата и младите навистина има што да прочитаат во „Сонот на детството“, вели авторот Манојлов.

Писателот Панде Манојлов е автор на 22 книги поезија, проза и критика. Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонско научно друштво-Битола.