ШТЕТА, ЗЛАТОТО “ИЗБЕГА”

Ракометарките на ЖРК Вардар не успеаја да се искачат на највисокото место на пиедесталот во Лигата на шампиони. Откако убедливо ја совладаа екипата на Букурешт во полуфиналето, во борбата за првото место загубија од домашниот Ѓер со 31-30 по продолженија од 2х5 минути. Натпреварот во регуларниот тек заврши без победник 26-26.

Одамна не сме гледале вака интересно финале во кое имаше се, почнувајќи од прекрасна игра, одлични акции, убави голови, искри, судиски и делегатски кражби и т.н. За жал. сето тоа беше доволно на крајот домашната екипа, Ѓер да слави во Ласло Пап арината во Будимпешта.

жВардар играше добро, дури и и одлично, но сакале ние да признамеме или не, ако се тргнат на страна оние две, три судиски грешки, кои беа на штета на Вардар, играта на теренот ја диктираа домашните ракометарки. Беа подобри за една мала нијанса, но ете, и тоа беше доволно на крајот златото да остане во Унгарија.

Вардар има за што да жали, беше толку блиску до посакуваниот трофеј…. Но сепак ова е прво финале на нашиот клуб кој веројатно го плати ја данокот на неискуството. Во вакви натпревари секако не решава само играта, но добро, емоциите на страна, ѓе биде подобро, само да се задржи што повеќе од оваа екипа.