ШИШКАРЕВ ОСТАНУВА ВО ВАРДАР

Рускиот интернационалец, Даниил Шишкарев го продолжи договорот со нашиот ракометен шампион за уште една сезона. Тренерот на “црвено-црните”, Раул Гонзалес може да здивне, бидејќи десната крилна позиција ќе му биде покриена на светско ниво.

Шишкарев го облече “црвено-црниот” дрес 2014 година, и тоа е негово прво интернационално исксутво. Втор пат во каруиерата, а прв пат со Вардар годинава ќе учествува на “Ф4” натпреварите. Сезонава постигна 30 погодоци, а во европските натпревари имаше неколку блескави изданија.

-Шишкарев останува. Од 2014 година тој е наш член, освои две титули во СЕХА лигата, а се надеваме дека во Келн ќе се закити и со медал од ЛШ – изјавија од Вардар.