Шести роденден на „Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација“

Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација (ИСЛАА), проект инициран од претседателот на државата Ѓорге Иванов, денеска ќе го прослави шестиот роденден.

На настанот што ќе се одржи вечер во Скопје, ќе присуствуваат претседателот Иванов, претставници од неговиот кабинет, од органите на државната управа, дипломатскиот кор, академскиот сектор, како и спонзори и поддржувачи на Асоцијацијата.