Шеснаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска ќе положи цвеќе пред нивните споменици во селата Волково и во Љубанци и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“ во Скопје.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.