СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го уништи Скупи

СДСМ попладнево преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за локалитетот Скупи.

Во реакцијата се посочува дека се одобрени средства за да се доврши конзервацијата на Скупи и оти таа е завршена.

– Нема да се дозволи остварување на криминални интереси и продолжување во следни фази на таканаречена обнова, бидејќи таков термин не постои во Законот. СДСМ преку Владата што ја предводи одговорно ќе се однесува кон културното и историско наследство. Ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе мора да има одговорност, се вели во реакцијата.

СДСМ наведува дека локалитетот Скупи бил во опасност од уништување и оти ВМРО-ДПМНЕ преку таканеречена обнова сакала противправно да изгради сала со 9.000 седишта и со тоа да го уништи овој археолошки локалитет.