СДСМ: Со блокадата на Парламентот се загрозуваат државните интереси

СДСМ преку соопштение денеска оценува дека блокадите во Собранието на Република Македонија и поттикнувањето на тензии меѓу граѓаните претставува погазување на Уставот и загрозување на стабилноста на државата.

–  Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност, се вели во соопштението.

Според СДСМ, ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат ингеренциите на градоначалниците и советите во општините бидејќи нови локални избори не може да се закажат без нов претседател на Парламентот.

– Затоа државата мора без одложување да профункционира. Демократските процеси е неоходно да продолжат. Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанаа околу 700 000 граѓани. Тоа мнозинство е должно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност, наведува СДСМ.