СДСМ денеска апелира пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури и согласно Деловникот за работа на Собранието, побрзо да се избере претседател на Парламентот.

– Новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за состав на новата влада, вели СДСМ во соопштението.

Партијата посочува дека на кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието и оти лидерот на СДСМ го формирал потребното мнозинство во Собранието.

– Тој веќе ја објави програмата на новата реформска влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото и решенија за потребите и проблемите на сите граѓани. Европската унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста. Тоа ги отвораат и европските перспективи на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија, наведува СДСМ.