СДСМ: Нема да има населување бегалци, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска преку соопштение оцени дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести за Нацрт-стратегијата за бегалци и порача граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на нивните манипулации и пропаганда.

– Во Република Македонија нема да се градат станови и кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства на бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Република Македонија е и ќе продолжи да биде земја на транзит за бегалци и ќе им помага на бегалците во нивниот пат кон крајните дестинации согласно меѓународните стандарди. Секое поинакво тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е лажно и има единствено за цел да шири страв и да го дефокусира вниманието од вистинските потреби на граѓаните, стои во соопштението од СДСМ.