СДСМ: Меѓународната заедница поддржува формирање нова влада

СДСМ во денешното соопштение посочува дека целата меѓународна заедница секојдневно изразува недвосмислена поддршка на новото парламентарно мнозинство во процесот на формирање на новата влада.

– Домашната и меѓународната демократска јавност јасно препознаа во претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговорен, совесен, посветен, чесен и способен лидер, кој сака, може и знае да придонесе за доброто на Република Македонија, за развој на регионот и на демократските процеси во цивилизираниот свет, се наведува во соопштението.

СДСМ истакнува дека граѓаните ги избрале промените коишто ќе го подобрат квалитетот на живот